ПЕТ ШОП ДЕЛФИН – ЖИВОТНИТЕ СЕ НАШИОТ СВЕТ

Продавницата за домашни миленици „Пет Шоп Делфин„ е отворена во 2016г.
За многу кусо време го најдовме своето место на пазарот за домашни миленици и во срцата на нашите муштерии. Денес важиме за број еден адреса со голема понуда на најразлични производи. Нашите муштерии веќе знаат дека кај нас ќе најдат сѐ што им е потребно за правилното одгледување, нега и размножување на нивните миленици.

Ако сте во потрага по храна за кучето, кафез за папагалчето или аквариум – тогаш кај нас сте на вистинското место. На понуда имаме сѐ што ви е потребно за одгледување риби, птици, кучиња,
мачки, глодари итн. А, за да го изберете вистинскиот производ за вашето милениче, во Пет Шоп Делфин ќе добиете стручен совет од компетентниот тим кој ви стои на располагање.

НАШАТА ИДЕЈА

Нашата идеја која на самиот почеток ја застанавме на цврсти принципи за работа е непроменета:

  • љубезно и фер советување, а не продавање по секоја цена
  • здрави животни
  • свежа храна со висок квалитет и хранлива вредност

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ВИСОК КВАЛИТЕТ, НИСКИ ЦЕНИ

Доколку барате нешто невообичаено и необично, прашајте нѐ слободно. Доколку барате аквариум или терариум со посебни димензии, или дури и шкафче кое ќе одговара на тие димензии со соодветно осветлување, само обратете нѝ се. Ние вршиме професионална изработка на секаков вид аквариуми, 3-димензионални позадини како и редовно одржување на нови и веќе постоечки аквариуми.

Кај нас не само што производите се квалитетни, туку и цените се многу прифатливи. Повелете и уверете се самите!

Како тежиште на нашата работа го сметаме одгледувањето украсни риби. Тесно поврзана со „Пет Шоп Делфин„ е „Циклиди Скопје„. Тоа е одгледувачница изградена најнапред главно од хоби и од преголемата љубов кон африканските циклиди. Она што во 2006г. започна како хоби со неколку видови од африканското езеро Малави, наскоро премина во желба за одгледување сѐ повеќе видови риби. Во 2012-та година регистриравме домашна одгледувачница за циклиди – ЦИКЛИДИ СКОПЈЕ. Заклучно со 2014-та година ЦИКЛИДИ СКОПЈЕ располага со ~150 квадратни метри простор односно ~40 000 литри вода во која одгледуваме над 50 квалитетни видови циклиди и сме во постојан раст. Сите животни во ЦИКЛИДИ СКОПЈЕ се под константна контрола на Факултетот за ветеринарна медицина –Скопје и од Инспекторатот за ветерина, а за благосостојбата се грижи ветеринарна амбуланта. Со тоа ЦИКЛИДИ СКОПЈЕ гарантира исклучиво здрави и квалитетни риби добиени со селективен мрест.