Опис
Минерално витамински додаток во исхраната за кучиња (за млади кучиња, гравидни кучки и кучки кои дојат)
120 ТАБЛЕТИ – Нето: 144гр
КАЛЦЕВИТОТ е идеален додаток кој се препорачува во исхраната за млади кучиња, гравидни кучки и кучки кои дојат поради својата зголемена содржина на Са-калциум и Р-Фосфор како и содржината на сите есенцијални витамини, минерали, микроелементи и амино киселини избалансирани како во меѓусебниот однос, така и во односот на физиолошките потреби на наведените категории кучиња, обезбедувајќи им здрав раст и виталност.
Калцевитот е неопходно да се дава на гравидните кучки и кучките кои дојат како заштита од губење калциум и одржување на добриот статус на коските. Примената на Калцевитот кај високо гравидните кучки поволно се одразува и на правилниот развој на самиот фетус, поготово во времето наинтензивно формирање на коскениот систем.
Посебно внимание бараат малите кучиња, поготово големите раси, во поглед на зголемена потреба на калциум и останати есенцијални хранителни супстанци, со примена на калцевитот се обезбедува правилен развој на коските, квалитетен и здрав раст и виталност.
Состав: Протеини 4%, Масти 0,2%, Са-калциум 17%, Р-Фосфор 5%.
Додатоци во кг: Витамин А 700,000 И.Е., Витамин Д3 70,000 И.Е., Витамин Е 3,000 мг, Витамин К3 150 мг, Витамин Б1 300 мг, Витамин Б2 750 мг, Витамин Б6 300 мг, Витамин Б12 1,5 мг, Витамин Ц 5,000 мг, Калпан 1,000 мг, Ниацин 3,000 мг, Биотин 12 мг, Фолна киселина 100 мг, Железо 2,000 мг, Бакар 100 мг, Цинк 1,600 мг, Манган 1,250 мг, Кобалт 20мг, Јод 20мг, Селен 1мг, Метионин 5,000мг, Лизин 5,000мг.
Содржина на помошни супстанци: Пивски квасец, Целулоза, Силикон диоксит, Магнезиум стеарат.