Опис
Додаток за заштита и регенерација на зглобови и рскавици (тетиви, лигаменти, сврзно и меко твкиво)
100 ТАБЛЕТИ – Нето: 100гр
Конектен е препарат конципиран да го искористи влијанието на Глукозаминот во одржување на здрави зглобови и сврзно ткиво на кучињата од сите возрасти и големини, посебно големите раси на кучиња. Глукозаминот помага за формирање и регенерација на рскавиците на зглобовите и ја зголемува мобилноста и активноста на кучињата. Хондроитинот ги штити рскавиците, им дава еластичност, ги подмачкува зглобовите и делува антивоспалително (ја намалува болката и отокот). МСМ помага за јакнење на сврзното ткиво на зглобовите. МСМ е природен извор на сулфур кој е од суштинска важност за формирање на рскавицата. МСМ делува синергетски и влијае на подобро вградување на Глукозаминот и Хондроитинот. МСМ исто така делува антивоспалително. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, важен за формирање на коските и рскавицата. Витаминот Е е исто така моќен антиоксиданс, има заштитна улога на клетките од штетните влијанија од „слободни радикали“. Манган, бакар и цинк се значајни во биохемиските процеси за формирање на рскавицата
Конектен покрај превентивната примена се препорачува кај акутни и хронични болести на зглобовите, кај воспачувања, слабости, дегенерација на тетивите и сврзното ткиво како и кај хроничните болести кај зглобовите.
Содржина по таблета: Глукозамин сулфат 350 мг, Хондроитин сулфат 100 мг, Метилсулфониметан (МСМ) 50 мг, Витамин Ц 50 мг, Витамин Е 10 мг, Метионин 10 мг, Хиалуронска киселина 5 мг, Цинк 5 мг, Манган 2,5 мг, Бакар 0,4 мг.
Содржина на помошни супстанции: Пивски квасец, целулоза, Силикон диоксит, Магнезиум стеарат.
Внимание: Консултирајте го вашиот ветеринар пред употреба на производот, доколку кучето има здравствени проблеми на пр. алергија на риба и производи од рива, дијабетис, проблеми со уринарен траект или доколку кучето е под антикоагулациска терапија итн. Исто така консултирајте го вашиот ветеринар пред употреба на производот кај кучки што дојат.