Филтрација

Филтрирањето во аквариумот извршува неколку важни задачи. Употребата на филтри со многу фин материјал (на пр. памук за аквариумски филтри) ги отстранува сите честички кои лебдат низ водата. Станува збор за механичка филтрација. Притоа со редовно чистење т.е. промена на филтер-материјалот од филтерот аквариумот останува чист.Истовремено, филтерот обезбедува разградување и неутрализација на отровите и токсините кои настануваат од изметот на рибите, остатоците од храната, листовите и парчињата од растенијата кои скапуваат и се распаѓаат. За оваа “биолошка филтрација” неопходно е да се акумулираат доволно бактерии во филтер-материјалот.

За да се постигне ова, филтерот треба да содржи филтер-материјали како што се кршени каменчиња лава или сунгер и со тоа да се пополнат корпите од филтерот. Со овие материјали бактериите добиваат голема површина за нивно населување, а со тоа и високо ниво на колонизација. Овие филтер-материјали во зависност од густината на риби и загадување, треба само ретко да се одмиваат. Важно е кога ќе ги одмивате тоа да го правите многу нежно со млака вода, по можност дури и во аквариумската вода, на пример кога се менува водата во аквариумот, а со цел што повеќе бактериски колонии да останат во филтер-материјалот со што ќе се задржи ефикасноста на филтерот.

Последно, но не и најмалку важно е тоа што филтерот обезбедува и циркулација на водата и движење (бранување) на површината на водата за доволно снабдување на аквариумот со кислород. Кислородот се користи и од рибите да дишат, како и од страна на бактериите за деградација на сите загадувачи. Аквариум со источноафрикански циклиди бара особено ефективна филтрација поради силниот метаболизам на животните и честото  густо порибување.

Покажана корисна комбинацијата е комбинацијата од биолошки оперативен филтер (надворешен) и брз филтер за генерирање на протокот и против груба нечистотија (внатрешен).Филтерот, треба да има таков капацитет да може 2-3 пати водата од аквариумот да проциркулира низ него за еден час. Волуменот на филтерот односно количината на филтер-материјали треба да е според правилото „колку повеќе – толку подобро”. Ефективен биофилтер треба да сочинува околу 10% од обемот на аквариумот.

Видови Филтри

Толку многу различни модели и варијации на видови филтри ни стојат на располагање, да е речиси неможно да ги споменеме сите. Затоа, ќе ги објасниме на кусо само најчестите, а можеби и најпрактичните. Повеќето од овие филтри имаат свои аргументи за и против, но главно добро ги извршуваат своите „должности”. Се разбира, изведбата и моќноста на филтерот исто така мора да се прилагоди на големината на аквариумот и бројот и големината на неговите „станари”.

Циркулирачка Пумпа Филтер

Најчестите филтер-типови денес се циркулирачки филтер пумпи. Таа работи со помош на интегрирана пумпа во филтерот која водата ја пренесува низ сад во кој се наоѓаат филтер-материјалите. Во суштина, овие филтри можат да се разделат во два вида и тоа Внатрешни Филтри и Надворешни Филтри.

Внатрешен филтер се користи обично во мали аквариуми (до 200л волумен). Од неодамна, пак, се повеќе модели на внатрешни филтри се присутни на пазарот кои се соодветно конструирани и за поголеми аквариуми.

Предностите на овој тип на филтер се тие што: филтерот е директно во аквариумот, нема црева и споеви, што од една страна значи дека се губи помалку пумпена моќ, а од друга зголемена е сигурноста и нема протекување од цревата и приклучоците.

Предноста на надворешениот филтер е во поголемиот волумен (опишано погоре) потребен за поголеми аквариуми. Цевката за вшмукување на водата и цевката за враќање на истата се поврзани со црево со филтерот. За да се избегне отстранувањето на сите црева и цевки од аквариумот при чистење на филтерот, се користи спојка која сите водечки производители ја имаат како стандард на нивните филтри. Употребата на оваа спојка овозможува брзо и лесно одвојување на цревата од филтерот и негово чистење. Уште една голема предност на надворешниот филтер е тоа што тој за разлика од внатрешниот не одзема простор во аквариумот што и визуелно е позитивно.

Процедувачки Филтер

Процедувачки филтри се користат главно во големите аквариумски системи. Водата се насочува надвор од аквариумот и се “слева надолу” во една комора низ слоеви со различни филтер-материјали. Поради високото збогатување со кислород таквите филтри имаат одлични услови за деградација на загадувачки бактерии. Од дното на комората (садот), водата се испумпува назад во аквариумот. Овие филтри се користат и за мали езерца низ дворовите за одгледување кои.

Био Филтер

Биофилтри обично се нарекуваат филтрите залепени во аквариумот. Овие филтри се состојат од неколку комори низ кои водата мора да протече пред да се врати назад од т.н. бистра комора. Различните комори може да се наполнат со различни филтер-материјали (вата, сунѓер, итн) и со тоа добиваме голема површина за населување на корисни бактерии. Дополнителна технологија (на пример, грејачот), исто така може да бидат добро скриени во една од коморите. Името на биофилтерот се должи на фактот дека овие филтри често имаат многу поголем филтер волумен отколку, да речеме, канистер филтерот и на тој начин нудат многу добра деградациска ефикасност.

Воздушен Филтер/Сунгер Филтер

Се користи особено во помалите аквариуми за одгледување на мали рипчиња, а и во мрестилниците се многу популарни овие филтри заради тоа што нема опасност малите (новородени) рипчиња да бидат вшмукани од филтерот. Со помош на мембранска пумпа (пумпа за воздух) воздухот се насочува во долниот крај на цевката што стои во вода. Воздухот што оди нагоре по цевката повлекува и вода со него, а на долниот крај од цевката има навлечено сунѓер низ кој поминува водата. На горниот крај на цевката, воздухот и водата повторно се враќаат. Голема предност на овој метод е што од една страна сунѓерот е добро снабден со кислород, а од друга пумпите за воздух се многу поекономични во споредба со циркулационите пумпи, односно трошат помалку енергија.

Хамбург МАТ Филтер (HMF)

ХMФ е ефтин и многу ефикасен филтер, кој може да биде или во аквариумот или во надворешен канистер.  Наједноставен начин да се направи овој филтер е да се исече едно парче сунѓер во големина на страничното стакло на аквариумот, потоа да се стави сунѓерот во аквариумот близу страничното стакло. Во просторот помеѓу стаклото и сунѓерот се става пумпа и таа влече вода преку сунѓерот, а ја враќа назат така што низ сунѓерот се прави еден отвор со големина на испустната цевка од пумпата и од тука ја враќаме водата назат.

Филтер Материјали

Во речиси сите видови филтри може да се комбинираат различни филтер-материјали. Барем поголемите филтри дозволуваат употреба на повеќе (произведени од одредени понудувачи) филтер-материјали, во зависност од посакуваниот ефект.

За биолошката филтрација да се обезбеди поголема површина каде може да се населат многу бактерии погодни се сунѓери, порозни камења (на пр.кршен лава камен  и.т.н.).  Не сипорекс од тули од градилиште бидејќи содржи цемент! Кога се формира нов аквариум треба да се напомене дека биолошката филтрација почнува да работи по неколку недели, односно дури тогаш се формирале доволно бактерии. Затоа е корисно да се “вакцинира” новиот филтер со додавање на материјал кој е веќе во употреба. Исто така, поради оваа причина никогаш при чистење на филтерот, не треба сите материјали да се заменат со нови.

Покрај горенаведените филтер-материјали можна е и привремена употреба на јаглен-филтрација. Јагленовите материјали ги апсорбираат хемиските отрови и ја чистат водата. Овој тип на филтер-материјал, сепак, треба да се користи само краток период, бидејќи по некое време токсините се ослободуваат назад во аквариумот.

Кислород

Како што споменавме погоре, филтерот игра важна улога во збогатувањето на водата со кислород. Ако излезот на водата од филтерот доволно ја брнува површината на водата на аквариумот тогаш имате доволно кислород. Само за видови риби кои потекнуваат од вода многу богата со кислород (не важи за африкански циклиди), потребно е дополнително снабдување со кислород како на пр. со специјални камчиња распрскувачи на воздух. Сепак, ова има недостаток бидејќи СО2 се турка надвор од водата, а тоа се должи на силната вентилација од пумпите за воздух.