MasterLine All In One Golden 500ml

1.190 ден

Опис

“MasterLine All in One Golden”

е дел од линијата на професионални ѓубрива чија комбинација на важни микро и макронутриенти е специјално развиена за сите аквариумски растенија. Ова ѓубриво е погодно за аквариуми во кои  дополнително се  додава и CO2. Хемиската форма на елементите содржани во ѓубривото помага да може лесно да се апсорбира од растенијата. Тоа резултира со здрав раст на коренот и аквариумските растенија покажуваат генерално поцврст раст. Се препорачува користење на  “MasterLine All in One Golden” заедно со “MasterLine Carbo” за снабдување на аквариумските растенија со сите потребни хранливи материи за здрав раст и правилен развој.

Дозирање:

Дневна доза

-Многу светлина (> 0,5 вати за литар) + CO2 1 ml на 30 литри

-Послабо осветлување (<0,5 вати на литар) + CO2 1 ml на 50 литри

Препаратот треба да се користи во комбинација со дополнително снабдување со СО2. Препорачаната доза е само упатство. Во зависност од аквариумот, дозата на ѓубриво може да се намали или зголеми за да се постигнат оптимални резултати.

Внимание:

Не се препорачува употреба во комбинација со активиран јаглен или УВ стерилизатор, бидејќи нивната употреба може да ги промени хранливите својства на ѓубривото. Протресете го шишето добро пред употреба. Да се ​​чува на ладно место без директна сончева светлина.