Аквариумско Осветлување

На осветлувањето од страна на многу акваристи му се придава многу мало значење, иако тоа игра важна улога особено за здрав раст на растенијата во аквариумот. Освен тоа, само со вистинско светло ќе го добиете целосниот сјај и боја од вашите риби. Покрај потребите на растенијата, не треба да се заборави на рибите. Прекумерното осветлување без можност за повлекување („пештери”, засенети делови) може да предизвика циклидите да станат срамежливи и да не дојдат до израз нивните силни бои.

Најчестиот вид на светилки денес се флуоресцентни цевки т. н. неонки, а во најново време се користи и ЛЕД осветлување. Многу аквариуми се со капак во кој веќе се интегрирани неонки. Комерцијално погодни специјални светилки се нудат, на пример, да го поттикнат растот на растенијата во аквариумот. Поевтини алтернативи се стандард неонки од обични продавници (неспецијализирани пет шопови). Погодни се боите на светлината 830 (топло бела), 840 (ладно бела) и 860 (дневна светлина), на пример од Osram или Philips. Модерените три-бенд неонки имаат долг живот и имаат минимални загуби на луминозноста. Редовна замена на светилките не е потребна.

Oдлично комбинација може да добиеме од неонки со 9000к и која било друга во која спектарот на црвено е поголем.

Одлични перформанси имаат новите, потенки неонки од типот T5. Повисоката почетна цена во споредба со стандардните T8 неонки се компензира со пониски трошоци за енергија и повисока луминозност. Овие светилки се погодни дури и за морски аквариуми со нивнате високи светлосни потреби. Неонските светилки се идеални за скоро сите видови аквариуми, бидејќи имаат добра покриеност на целата површина. Само за многу високи аквариуми (од 60см и повеќе) се потребни други видови светилки. Во такви аквариуми се користат светилки со живина пареа (HQL) или халогени светилки со метална пареа (HQI). Сепак, овие видови светилки се многу поскапи отколку флуоресцентните неонки во набавката и во потрошувачката на електрична енергија.

Времетраењето на осветлувањето зависи меѓу другото и од тоа дали имате многу растенија за негување. Нормално, осветлувањето во еден циклиден аквариум треба да биде со времетраење од околу 8-10 часа, за да се спречи прекумерен раст на алги од премногу светлина. Со цел да се обезбеди редовно осветлување, препорачливо е да се работи со тајмер.Може да се купи во секоја подобро снабдена продавница за електро материјали. И рибите треба да имаат ритам ден / ноќ.