Skip to main content

Избор на Аквариум

Изборот на соодветен аквариум е базиран пред се врз расположливиот простор во ваштот дом и рибите кои треба или сакате да ги чувате. Општо правило е дека колку е поголем аквариумот, толку полесен е за одржување. Особено големте и темпераментните претставници на африканските езера бараат големи аквариуми со многу простор за пливање и за засолнување на помалку доминантните риби. Затоа е препорачливо да се започне со аквариум со должина од најмалку 120см. Во езерото Тангањика постојат некои мали видови кои може да се одгледуваат и во аквариуми со 60см должина.

Безбедност

Во врска со безбедноста, потребно е да се испроба носивоста на подот. Ова важи повеќе за стари куќи кои немаат бетонска плоча туку под од дрвени греди. Проверката би требало да се направи со аквариум со капацитет од околу 500 l. Конечно, тежината на аквариумот и водата се собира со тежината на декорацијата (песок, камења, итн.) Наш совет: консултирајте некој статичар, гредежен инженер…

Модерните аквариуми обично се залепени со силиконска гума и на тој начин практично се непропустливи, бидејќи овој материјал апсолутно сигурно поврзува. Би требало да бидат залепени со црн силикон, бидејќи на тој начин се спречува во лепилото по рабовите да се населат алги.Вкупниот број на литри (бруто) на аквариум се пресметува според формулата: Должина (см) x Широчина (м) х Висина (cm) / 1000 = волумен во литри. Не заборавајте да ги измерите внатрешните димензии без дебелината на стаклото. Само така ќе ја добиете реалната количина на вода која ја собира во аквариумот. (При изборот на аквариум во секој случај треба да изберете колку е можно најголема длабочина (широчина на дното), тогаш ќе имате повеќе можности за дизајнирање на задниот ѕид.